Кој рече дека не можело вака?

4 октомври, 2006

addon.jpgОние што малку подобро ја познаваат структурата на *.xpi додатоците (екстензиите) за Firefox знаат дека, „xpi“ е буквално идентичен датотечен формат со форматите „rar“ и „zip“, што веднаш води кон помислата дека „xpi“ датотеки можат да бидат отворени во некој од најпознатите менаџери за архиви со податоци. Токму во тоа е и трикот или твикот, како сакате. А инаку прашањето е: Како да направите некомпатибилните екстензии од Firefox 1.5, да ви проработат во Firefox 2.0 RC1?

читај повеќе »

Најнапредните PC игри досега!

2 октомври, 2006

5200_sm.gifМожеби нешто сме изоставиле, но генерално вака ќе изгледа PC гејмингот во наредните 12-тина месеци. Имињата на производителите се добро познати, но имињата на игрите се релативно нови. Иако досега неколкупати сме ги коментирале поединечно, овој пат ги групиравме и им ја доделивме титулата „најнапредни“.

читај повеќе »

Убиј ги набрзинка

1 октомври, 2006

10-KILL.pngQuickKill е екстра лесно програмче што ви овозможува да ги „убиете“ сите непотребни (несистемски) процеси во Windows XP, одеднаш. Корисно е за моментите кога сакате да играте некоја компјутерска игра или пак кога сакате да заштедите од батеријата на вашиот лаптоп. Но, се си има цена, па така и QuickKill. Цената за QuickKill е Microsoft .Net Framework 2.0.

читај повеќе »

Зошто Adobe, кога може Foxit?

1 октомври, 2006

foxit.pngНајпопуларниот алтернативен PDF читач пред некоја недела ја доби својата втора официјална верзија. За тие што не знаат, станува збор за екстра мало, екстра брзо и не толку нашминкано програмче за преглед и печатење на PDF документи. Со новата верзија доаѓаат и промените во графичкиот интерфејс, со што е дозволено менување на јазикот во FoxitReader со само еден клик. Софтверот сè уште не е локализиран на македонски, па ако има расположени ентузијасти, нека ги посетат линковите зад „читај повеќе“.

читај повеќе »

И во злото има добрина ;)

30 септември, 2006

evilshare.pngЕве начин да се спасиме од суровиот Rapidshare. Evilshare е новата алтернатива, што го велича корисникот и не му скусува ниедна од неговите привилегии. Прикачувајте и преземајте што сакате и колку сакате. Не треба да чекате пред да започнете со преземањето, ниту пак да подлегнувате на било какви регистрации за добивање повеќе привилегии. Evilshare.com e уникатен по тоа што е 100% бесплатен, па убаво би било да го забележите во вашиот веб адресар и кога ќе ви притреба, да го користите.

читај повеќе »

Samsung ќе нè спасува со PRAM.

29 септември, 2006

20060911_pram_img_l.png

Samsung објави дека изработил прототип меморија наречена PRAM. Прототипот е 512MB-тен мемориски модул и се очекува, ако сè оди по планираното, во 2008 година тој да почне да се дистрибуира на пазарот за домашни корисници. Што е толку револуционерно кај овој т.н. фазен тип на меморија со случаен пристап, во продолжение.

читај повеќе »

Инсталирајте Firefox 2.0 RC1

29 септември, 2006

firefox-wordmark-vertical.pngДодека „Двојката“ се крчка, навикнете се на неа, навреме. Firefox 2.0 ќе биде поубав, постабилен и побезбеден Интернет прелистувач, а сега за сега единствената шанса да ги тестирате новите карактеристики, е Release Candidate 1. На „читај повеќе“ имате скриншот за да се загреете, а веднаш под него се директните линкови за преземање.

читај повеќе »

Скриената песна за Windows XP

29 септември, 2006

Clipping---Sound.pngЗнаевте ли дека Windows XP би требало да репродуцира музика за време на својата инсталација. Но, ретко кому му текнало да ги вклучи звучниците додека минува низ релативно здодевниот сетап. Муабетот е дека, музиката што треба да ја слушате додека XP се инсталира, се запишува на вашиот компјутер по инсталацијата, само треба да ја најдете. Каде да барате?

читај повеќе »

Септември 2006 - Месец на GNU/Linux

29 август, 2006

logo2.pngПрекрасни вести за сите љубители на слободниот софтвер и корисници на GNU/Linux : Лугола преку нејзиното активно членство, а во соработка со Интегра Инжинеринг и дел од нејзините се почести и поблиски соработници, оваа година (2006-та) месец септември го прогласија за месец на GNU/Linux во Битола. За таа цел, подготвени се низа настани кои ќе земат место во текот на месец септември со што ќе се одбележат редица значајни датуми и на корисниците ќе им се обезбеди поквалитетна поддршка и едукација. Зад линков следува текст во кој се опишува подетално настанот, целите и идеите кои произлегуваат од него. Дечки, ја имате поддршката од Inbox ;)

Најкупувани игри летово

20 август, 2006

wow.pngГрупацијата NPD ја објави конечната листа на најпродавани игри во месец јули и ја потврди не многу променетата ситуација на гејмерскиот пазар. WoW води, а сите останати игри сè уште се обидуваат да ја стигнат. Ако не знаете што да играте, еве ви ги 20-те најдобри предлози за до крајот на летото. Ова се најкупуваните игри во јули 2006.

читај повеќе »